Поврзете се со нас

Англија

Грилиш се отвори за тешките 18 месеци во Сити: Не можев да замислам дека ќе биде толку поразлично…

Објавено

на

Џек Грилиш се уште го држи трансфер рекордот во Премиер лигата и важи за најскап трансфер режиран во англискиот фудбал, бидејќи 100-те милиони фунти кои ги издвои Манчестер Сити пред 18 месеци се уште се на врвот на листата.

Во оваа година и половина, Грилиш се соочи со големи проблеми и во ниту еден момент не се издвои како сигурен стартер, па така беше и изминатава вечер која сепак ќе ја памети по нешто добро.

„10-та“ на Сити беше резерва во дербито против Челси, но потоа влезе во вториот дел и беше творец на голот кој го постигна Ријад Марез.

Грилиш одлично го пронајде својот соиграч, а по победата од 0:1 направи една паралела за игрите во Астон Вила и големата разлика со која се соочил во Манчестер.

– Сум го кажал ова и претходно, но играта во Сити е комплетно различна од она на што бев навикнат во Астон Вила. Кога играв за Дин Смит, тој бараше од мене да истражувам на теренот и да ја барам слабата точка во противничката одбрана. Ми дозволуваше да играм каде сакам. Лево, десно, во средината.

– Цел живот го минав во Вила, а потоа дојдов во Сити и промената беше огромна. Не знаев дека ќе биде волку тешко да се адаптираш на нов тим и нов тренер. Испадна дека е многу потешко од што мислев и многу поразлично. На почетокот си мислев дека ќе давам премногу голови, но не излезе така. Работата е многу потешка за мене во Сити, бидејќи тука сите тимови се бранат против нас, што не беше случај во Вила. И покрај се, јас уживам во овие 18 месеци во Сити, уживам во секој момент. Ова е одлична група на момци и задоволство е да се работи со Пеп, – изјави Грилиш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни