Поврзете се со нас

Свет

Ѓуроски со „шестка“ против „својот“ Аликанте

Објавено

на

Оуренсе на Стојан Ѓуроски направи изненадување и славеше над Аликанте со 86-77 во средбата од 31. коло во ЛЕБ Оро лигата.

Ова беше дуел на екипа која се бори за опстанок и тим кој преку плејофот ќе се обиде да дојде до елитната конкуренција во Шпанија, меѓутоа токму овие првите покажаа карактер, упорност, поголема борбеност и успеаа со пресврт во вториот дел да дојдат до голем триумф.

Домаќините губеа седум разлика на полувреме, губеа и по 30 минути (56-52), но во завршниот период одиграа страшно ефикасно и со 34-21 го свртеа резултатот во своја полза за 11 победа и крај на серијата порази.

Мањгафиќ и Вилијамс искомбинираа 46 поени, додека Ѓуроски беше автор на 6 поени, 1 скок и 1 асистенција против неговата некогашна екипа.

Со 42 бода Оуренсе е на 13 место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни