Македонија
Ѓорѓиевски: Култната „Славија” ја претворивме во модерен спортски комплекс
По неколкудецениска негрижа, некогашниот спортски белег на општина Кисела Вода, игралиштето “Славија” кое беше оставено да пропаѓа, прерасна во модерен спортски комплекс.
Со интонирање на химната, со огномет и со многу возбуда кај сите присутни, вчера вечер, после неколкумесечни интензивни градежни активности на Општина Кисела Вода, беше ставен во функција возобновениот простор кој сега нуди најсовремено кошаркарско, фудбалско игралиште, модерни терени за тенис и пинг понг, создадени според највисоките меѓународни стандарди.
Градоначалникот Ѓорѓиевски кој назначи дека исполнетите ветувања се огледало на интегритетот и преданоста на еден човек, го истакна значењето на овој спортски комплекс и за Пржино и за цела општина Кисела Вода и изрази надеж дека тој повторно ќе го здобие имиџот на култно место од кое ќе се родат многу познати спортски имиња.
– Драго ми е што денес сме тука сите заедно, на еден слободно ќе го наречам, историски чин. За Општина Кисела Вода, за Пржино, за сите генерации кои во едно далечно минато тука спортуваа и бележеа спортски резултати, за сите нови млади спортски таленти кои денес добиваат простор за себе. Се до денес игралиштето “Славија” беше живо само во спомените. Реалноста беше поразителна. Од култно место, од еден спортски белег на нашата општина, просторов беше оставен да пропаѓа, целосно запуштен и неугледен. Многумина претходно ветуваа, но се чинеше дека оваа тема никогаш нема да дојде на дневен ред. Водејќи се од она во кое силно верувам, дека “Исполнетите ветувања се огледало на интегритетот и преданоста на еден човек”, пред неколку месеци започнавме со интензивни градежни активности чиј резултат го гледаме сега. “Славија” од денес е модерен спортски комплекс подготвен да биде центарот на спортските збиднувања за сите тенисери, фудбалери, кошаркари, пигпонгари, простор за рекреација и спортска активност на сите наши жители. На површина од 1350 квадратни метри, сега нуди најсовремено кошаркарско, фудбалско игралиште, модерни терени за тенис и пинг понг, создадени според највисоките меѓународни стандарди. Поставена е и урбана опрема, ограден е и осветлен, што го прави овој спортски центар удобен и безбеден за користење дури и во вечерните часови-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски пред бројните љубители на спортот, најмногу од населбата Пржино, кои со возбуда ги раскажуваа своите или спомените на своите родители врзани со “Славија”.
– Инвестициите на општина Кисела Вода насочени кон обнова и изградба на спортската инфраструктура, на давање нов сјај на запуштените спортски терени и локации кои некогаш беа култни места, нема да сопрат. За само две години од мојот мандат, дури осум вакви терени се возобновени, изградени или во завршна фаза на изградба. Ќе ги споменам “Оксиген”, новите терени во ООУ “Круме Кепески” и ООУ “Партенија Зографски” , во Потстаница, во населбата Драчево, во Теферич кој е во завршна фаза, мини рекреативниот центар во Усје и секако спортскиот центар “Славија” кој вечерва е поводот за нашето присуство. Искрено верувам дека тој повторно ќе биде култно место каде нашите млади ќе се собираат, ќе спортуваат, ќе се рекреираат и дружат. Дека ова ќе биде простор каде што ќе се бележат спортски успеси и ќе се раѓаат нови спортски таленти. Нека ни е честито!-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, по што терените ги исполнија дечиња и ги одиграа првите натпревари на овој возобновен спортски комплекс.
-
Англија16 часа
Слот: Не ми е жал за Гвардиола
-
Италија14 часа
Одлични вести од Италија: Лекарите го екстубирале Бове, фудбалерот почнал да одговара на првите прашања
-
АТП16 часа
Последниот тениски танц во Буенос Аирес донесе многу солзи: Ѓоковиќ и Дел Потро заедно плачеа на теренот (Видео)
-
Свет15 часа
Херојски чин: Рики Пуч асистираше за финале со скинат преден вкрстен лигамент! (Видео)
-
Англија15 часа
Поранешна ѕвезда на Арсенал: Артета ми порача дека сум му забил нож во грб, па потоа завршив во Челси
-
Англија15 часа
Две ѕвезди на Јунајтед сами се прецртаа за дербито со Арсенал (Фото)
-
Франција10 часа
Хесе: Ал Келаифи повеќе ја сакаше мојата сопруга отколку мене………..
-
Европски првенства5 часа
Две различни полувремиња: Македонија со пораз го заврши настапот на ЕП