ВТА
Ѓорческа немаше решение за првата носителка во Копер

Лина Ѓорческа го заврши настапот на Фјучрсот во Копер, по денешниот пораз од Французинката Кло Паке.
Најдобрата македонска тенисерка немаше среќа во ждребот и во осминафиналето налета на првата носителка на турнирот со награден фонд од 60.000 долари, па иако добро парираше во голем дел од мечот, не успеа да ја елиминира фаворитката.
Паке прва направи брејк и поведе со 3:0, но Ѓорческа возврати на ист начин и стигна до израмнување, за подоцна Французинката сепак да го повтори својот претходен ефект и да го добие првиот сет со 6:3.
Во вториот сет Ѓорческа дозволи брејк уште во првиот гејм, а противничката ја одржуваше предноста до деветтиот гејм, во кој направи уште еден брејк за конечни 6:3 и 6:3, односно 2:0 во сетови.
Паке игра во одлична форма периодов и се најде на 101 место на ВТА ранкингот, додека нашата Ѓорческа е на 285 место.
-
Македонијапред 17 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Македонијапред 15 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Германијапред 22 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 21 час
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 23 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Македонијапред 17 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!
-
Италијапред 6 часа
Објаснување за нереалниот погодок: Тео обелодени што помислил кога ја прими топката на 80 метри од голот (Видео)
-
НБАпред 6 часа
Доктор Дончиќ и Далас го прегазија Феникс во мајсторката, Бостон му пресуди на шампионот (ВИДЕО)