Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа избори трето коло на фјучрсот во Чешка

Објавено

на

Лина Ѓорческа ја оствари првата победа на фјучрсот во Ричани, Чешка и обезбеди пласман во третото коло на турнирот со паричен фонд од 60.000 долари.

Македонската тенисерка денеска ја совлада германската ривалка Анџелина Вирџес со 2:0 во сетови, во меч кој траел 79 минути и обезбедил пласман во следната рунда.

Противничката на Лина имала подобар старт за водство од 3:1, но нашата тенисерка возвратила со серија за 6:4 во првиот сет и поубедливи 6:2 во вториот сет.

Ѓорческа како четврта носителка беше слободна во првото коло и сега оди во осминафиналето каде противничка ќе и биде Романката Габриела Лее.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни