Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Сакам да бидам пријател со Федерер и Надал, се надевам…

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ заедно со Рожер Федерер и Рафаел Надал беа дел од една незаборавна ера во светот на тенисот со тоа што Швајцарецот веќе не е активен, Шпанецот има свои проблеми и останува да се види во каква форма ќе се врати во 2024 година.

Многу битки имаше оваа тројка, сите знаат како е да се победи и загуби, поточно изградија ривалства кои ќе биде тешко да се повторат ако се земе во предвид се што освоија низ годините и колку беа доминатна на големата сцена.

Со оглед на ривалството јасно е дека меѓу нив нема големо пријателство, ама дефинитивно има почит и Ѓоковиќ се надева дека во некое идно време ќе можат да бидат пријатели и отворено, без притисок да разговарата на сите теми.

-Би сакал да бидеме пријатели, навистина. Мислам, знам дека навистина не се согласувавме во текот на нашите кариери надвор од теренот. Ние не сме пријатели, бидејќи, знаете, ние сме ривали и тешко ни е како ривали да бидеме многу блиски и да споделуваме исти ставови за животот, да споделуваме детали за нашите животи и како се чувствуваме, бидејќи тоа може да биде искористено против вас.

-Мислам дека секогаш постои голема почит, барем од моја страна, кон нив. Па се надевам дека еден ден, кога малку ќе се спуштат завесите, ќе седнеме и ќе разговараме. Би било одлично, -порача Ноле за „Си-Би-Ес“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни