Поврзете се со нас

Германија

Германија доби нова „десетка“, навивачите презадоволни од изборот (Фото)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Џамал Мусиала доби доста комплименти од Тони Крос при враќањето на искусниот играч за врска во репрезентацијата, но ова не е единствената добра вест за младиот фудбалер во последните 24 часа.

Мусиала веќе трета сезона игра на навистина високо ниво во Баерн Минхен и напредува од година во година, а откако избра да игра за Германија пред Англија, Џамал сега добива и одговорност која им доделува само на посебни таленти.

Како што информираат германските медиуми, Мусиала од денеска е новата „десетка“ на најсилната фудаблска селекција, а тој број ќе го носи и на Европското првенство кое ќе се игра наредново лето.

Мусиала досега ја носеше „14-та“ и навистина добро се претстави со овој број, но дефинитивно со „десетката“ ќе добие уште поголема важност и поголемо внимание од јавноста.

– Да го носам бројот „десет“ е мој сон од детството, од периодот кога го гледав Меси. Сепак, нема да го загубам фокусот поради тој број, ќе играм како да го носам на себе било кој друг број. Не кријам дека е посебно чувството да се носи „десетката“ на Германија, – изјавил Мусиала за „РТЛ“.

Досега „десетка“ на Германија беше Серж Гнабри, но искусното крило на Баерн ќе мора да му го предаде својот број на далеку поталентираниот клупски колега.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни