Италија
Гарсија за измената на Елмас на дербито со Милан: Тоа не е казна за фудбалерите

Наполи утре ќе гостува кај Салернитана и влегува како голем фаворит во дуелот со аутсајдерот, нешто што според Руди Гарсија е добра шанса за тимот да се врати на победничките патеки после ремито во дербито со Милан.
Италијанскиот првак се врати од два гола негатива и покажа далеку подобри перформанси во вториот дел, а Гарсија на крајот доби и пофалби бидејќи беше доста храбар и направи три измени на полувреме.
Францускиот стручњак ја промени формацијата од 4-3-3 се префрли на 4-2-3-1, но еден од оние кои беа повлечени по 45 минути игра беше и Елиф Елмас.
Македонецот го напушти теренот заедно со Марио Руи и Рахмани, но Гарсија вели дека тоа не значело прозивка за тројцата фудбалери, за кои не исклучува опција веќе утре да бидат стартери.
– Замена во 45-та минута не е казна за фудбалерите. Тоа се прави за доброто на тимот и играчите го знаат тоа. Има многу други случаи кога сум извадил играч на полувреме, а потоа повторно бил стартер на следниот меч.
– Можев да најдам и други решенија, но при 0:2, морав да барам што е најдобро за промена на системот. Мечот покажа дека донесовме добри одлуки, смената на формацијата исто така беше во корист на играчите кои влегоа на терен, – изјави Гарсија.
-
Шпанијапред 18 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 14 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 14 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 17 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 16 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Англијапред 19 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг