Поврзете се со нас

Франција

Галтие по првиот пораз на ПСЖ: Не можев да ги препознаам моите фудбалери

Објавено

на

ПСЖ го доживеа првиот пораз во француското првенство и тоа на првиот ден од новата 2023 година.

Иако без неколку ѕвезди во тимот, избраниците на Кристоф Галтие беа фаворити против Ленс, но на крајот мораа да му честитаат на противникот кој заслужено ги израдува своите фанови.

Галтие по мечот признал дека неговиот тим изгледал непрепознатливо на теренот.

– Ленс си ја заслужи победата, а јас имав потешкотии да го препознаам мојот тим на теренот.

– Ни недостасуваше кохезија, остававме многу простор и правевме грешки кога имавме посед.

– Најмногу ми пречеше начинот на кој игравме кога ја имавме топката, вообичаено моите фудбалери не се однесуваат така, – изјавил Галтие.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни