Поврзете се со нас

Англија

Фудбалот остана без уште една легенда: Почина Сер Боби Чарлтон!

Објавено

на

foto: twitter.com/EFL

Фудбалот остана без уште една легенда, икона на овој спорт, Сер Боби Чарлтон кој почина во 86. година од неговиот живот.

Чарлтон беше еден од најдобрите англиски и светски фудбалери на сите времиња, човек кој остави голема, неизбришлива трага носејќи го дресот на Манчестер Јунајтед и националниот тим,

Тој одигра дури 758 натпревари за „црвените ѓаволи“ на кои постигна 249 погодоци, односно за 17 години беше дел од екипата која триумфираше во Европа (Европскиот куп на шампионите), три лигашки пехари и ФА Купот.

За селекцијата на Англија пак одигра 106 средба на кои даде 49 голови и долго време го држеше рекордот за најдобар стрелец. Сер Боби беше дел од селекцијата на „гордиот албион“, поточно беше клучна фигура во најголемиот успех на репрезентацијата, титулата на Светското првенство во во 1966 година.

-Зборовите никогаш нема да бидат доволни-порача од Јунајтед соопштувајќи ја оваа тажна вест.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни