Поврзете се со нас

Шпанија

Фудбалер на Барселона имал 26 позитивни тестови на КОВИД-19

Објавено

на

Барселона се подготвува за средбата со Гранада во четвртфиналето на Копа Дел Реј, но пред истата шпанските медиуми открија една навистина интересна, а помалку неверојатна информација поврзана со првотиметоц на каталонците, Серхи Роберто.

Роберто минатиов викенд против Атлетик Билбао го одигра првиот меч по подолго време поради повреда, меѓутоа во целиот овој период додека закрепнувал од повредата, повремениот шпански репрезентативец водел битка и со коронавирусот.

Имено откако се повреди беше констатирано дека се заразил со КОВИД-19, па мораше одредено време да мине во изолација, домашни услови. Дел од шпанските медиуми обелоденија дека Роберто имал дури 26 позитивни тестови на коронавирусот пред конечно да ја надмине оваа здравствена состојба и добие зелено светло да го напушти домот, да не биде повеќе изолиран.

Сепак играчот немал поголеми, потешки симптоми и сега се е во ред со него, па Серхи веќе се најде на списокот на Куман и за дуелот со Гранада во Купот на Шпанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни