Поврзете се со нас

АТП

Француски тенисер: Доста ми е од ова, 250-ти пат сум позитивен на Ковид (Фото)

Објавено

на

Беноа Пер повеќе од една година говори против строгите карантини и затворањата кои ги имаа најдобрите светски тенисери, но контроверзниот француски тенисер полека го губи трпение со корона-кризата, без оглед на тоа што е вакциниран со две дози.

Пер откри дека добил нов позитивен тест на Ковид 19 и тоа не е прв случај за него, а тоа воедно значи дека ќе го пропушти првиот турнир во Мелбург кој е загревање за Австралија Опен.

– Здраво на сите, се викам Беноа Пер и по 250-ти пат сум позитивен на коронавирус. Искрено, веќе не можам да се носам со ова Ковид срање…..

– Не се осеќам психички добро поради оваа изолација и проведеното време во хотелските соби ширум светот. Малку ми тече носот, не ми е ништо посебно.

– Минатата година беше лоша, оваа уште полоша. Вакциниран сум, но ајде да почнеме да живееме како пред Ковид. Имам едно прашање до АТП: Како ќе ги заштитите играчите како што сум јас, играчите кои ќе се најдат во ваква ситуација и покрај вакцинацијата, – прашува Пер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни