Поврзете се со нас

Италија

ФИФА шокираше италијански прволигаш со забрана за трансфери наредните две години

Објавено

на

Светската фудбалска федерација (ФИФА) го казни италијанскиот прволигаш Специја поради нелегални трансфер активности, со што овој клуб нема да смее да купува нови фудбалери во четири преодни рокови.

Истрагата на ФИФА покажала дека Специја ги прекршила правилата за трансфери на малолетни фудбалери, па поради тоа ја добива трансфер забраната.

Истата ќе започне од јануарскиот преоден рок во 2022 година, што значи дека нема да влијае врз трансферите планирани за новата сезона.

Специја ја информираше јавноста дека клубот е изненаден од одлуката на ФИФА и ќе поднесе жалба, обидувајќи се да ги искористи сите судски инстанци за да се спаси од суспензијата.

По обезбедениот опстанок во Серија А, Специја не успеа да го задржи досегашниот тренер Винченцо Италијано, па нов тренер ќе биде Тијаго Мота.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни