Поврзете се со нас

Балкан

Фенербахче и Галатасарај останаа обединети, откажен е мечот од Супер Купот во Саудиска Арабија

Објавено

на

foto:twitter.com/GalatasaraySK

Галатасарај и Фенербахче оваа вечер требаше да ги одмерат силите во Супер Купот на Турција, меч што беше закажан од 18:45 часот во Ријад, Саудиска Арабија.

Меѓутоа наместо голема борба, спектакл на теренот и трибините, натпреварот беше откажан откако домашните власти, поточно организаторот не ги испочитува барањата на клубовите, федерација,

Имено организаторите им забранија на клубовите да носат маички со ликот на Кемал Ататурк, односно целта беше да се одбележи стогодишнината од постоењето на модерната турска држава.

На маиците требаше да стои пораката „Мир во домот, мир во светот“, а откако тоа не им беше дозволено, Фенер и Галата со федерацијата одлучија да го откажат мечот и истиот ќе се игра во некој друг термин под услови кои на нив ќе им одговараат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни