Поврзете се со нас

Шпанија

Фантастичниот Димитриевски избран за голман на колото во Ла Лига (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/RayoVallecano

Столе Димитриевски е еден од најдобрите поединци во тимот на Рајо Валјекано од стартот на сезоната, а извонредната форма ја потврди и на гостувањето во Гран Канарија.

Рајо успеа да оствари важна победа над Лас Палмас со гол од пенал постигнат во судиското продолжение, но гостите дојдоа во ситуација да освојат три бода благодарение на Столе.

Македонскиот чувар на мрежата одбрани пенал пред крајот на првиот дел и го неутрализраше Мунир, а притоа имаше уште неколку извонредни реакции кои му донесоа највисока оценка на мечот.

Димитриевски беше избран за МВП од страна на Ла Лига, а сега му е доделно е признанието голман на колот од страна на специјализираниот сајт за статистика.

„WhoScored“ го објави тимот на 10-то коло во шпанската елита, во кој покрај за Столе, има место и за Каравахал, Ермосо, Лежен, Рико, Гарсија, Мерино, Иско, Гризман, Феликс и Будимир.

Димитриевски по петти пат ја сочува својата мрежа од стартот на сезоната, а тоа прави да има 50-отстотен процент по десет комплетирани рунди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни