Поврзете се со нас

Евролига

Евролига: Импресивната серија на Звезда и Ивановиќ го дочека својот крај

Објавено

на

Душко Ивановиќ забележа десет победи на првите десет натпревари како тренер на Црвена Звезда и буквално го препороди овој тим, но оваа импресивна серија вечерва го дочека својот крај.

Кошаркарките во „црвено-бели“ дресови вечерва загубија на домашен терен од Милано и за првпат ја почувствуваа горчината на поразот со новиот тренер, нешто што беше навестено уште на самиот старт.

Двете лоши четвртини во првото полувреме им ја дадоа потребната самодоверба на гостите од Италија, кои на крајот сепак мораа да се стегнат за да стигнат до тесен триумф од 67:71.

Главната разлија беше напарвена во првите 20 минути во кои Звезда губеше со 16:26 и 13:17, што се покажа како преголем залак за правење пресврт во 14-то коло во Евролигата.

Кошарка во Евролигата се играше на уште три терени оваа вечер, а на истите видовме три победи на домашните екипи. Жалгирис во Каунас го победи Реал Мадрид со 81:72, Баерн беше подобар од Валенсија со 97:92, додека Лион тесно славеше над Олимпијакос со 77:75.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни