Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм сигурен против Тиквеш, Металург врза три суперлигашки победи

Објавено

на

Еурофарм Пелистер не одигра посебно ефикасен натпревар против аутсајдерот Тиквеш, но на крајот стигна до убедливи 25:16 во денешниот дуел од машката ракометна Супер лига.

Битолскиот состав не дозволи грешка на средбата со Тиквеш, а победникот беше решен уште во првиот дел кој заврши со резултат 15:5.

Костески со 8 гола бил најефикасен кај победничката екипа, додека Дрогришки со 5 погодоци бил најдобар реализатор во редовите на Тиквеш.

Во Скопје, Металург го совлада Прилеп со 35:27 и на тој начин стигна до три победи во серија во домашното првенство.

Озтурк со 8 и Лазаревски со 7 гола биле најефикасни во редовите на Металург, а Милошевски со 12 реализации го предводел тимот на Прилеп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни