Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Еурофарм Пелистер не успеа да го изненади Кјелце во Лигата на шампионите

Објавено

на

foto: facebook.com/hceurofarmpelister

Ракометарите на Еурофарм Пелистер доживеаја уште еден пораз во Лигата на шампионите, а вечерва немаа решение за полскиот претставеник Кјелце (21:24).

Битолчани имаа многу лош старт и до крајот на полувремето стигнаа до само 8 постигнати голови, во ситуација кога на паузата Кјелце замина со предност од шест гола.

Еурофарм Пелистер го поправи впечатокот во продолжението, но Кјелце не ја испушти предноста и ја потврди третата победа во групната фаза.

Радивојевиќ со 6 и Пешевски со 4 гола беа најефикасни во редовите на македонскиот претставник, додека кај Кјелце, Олејничак го заврши дуелот со 5 погодоци.

Пелистерците имаат шест порази по исто толку натпревари и се на дното на групата, во која денеска Алборг го победи Колштад и има ист ефект како Кјелце.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни