Поврзете се со нас

Германија

Елмас и Лајциг во победнички ритам во Бундеслигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/RBLeipzig_EN

РБ Лајпциг на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас забележа уште една победа во Бундеслигата со што е чекор поблиску до остварување на посакувната цел, пласман во Лигата на шампионите.

„Биковите“ се изборија за славје на гостувањето кај Хајденхајм со 2-1. Шешко донесе водство за Лајпциг во 42 минута, но Хајденхајм кој е познат како тим кој не се откажува успеа да го израмни резултатот на 1-1 преку Доведен во 69 минута.

Во продолжението Розе направи неколку промени во составот, во игра влезе и нашиот Елмас, потези кои се исплатеа затоа што Опенда на асистенција на Симакан постигна втор гол за екипата доволен за три значајни бода.

Сега Лајпциг има 59 бода и е на четвртата позиција со плус три во однос на Борусија Дортмунд со кого ќе се соочи во наредната рунда.

На другите дуели Келн доживеа болен пораз од Дармштад (0-2), Волфзбург беше подобар од Бохум (1-0), додека на Хофенхајм му припадна драмата со седум голови против Борусија Менхенгладбах (4-3)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни