Поврзете се со нас

Европски првенства

Елмас е голем оптимист: Ќе победиме на сите три натпревари во групата 

Објавено

на

Македонската репрезентација ја очекува историски настап на едно големо натпреварување и тоа на Европското првенство каде во првата фаза ќе ги одмериме силите со Австрија, Украина и Холандија.

Ова за нас ќе биде деби на најголемата сцена, па сите со нетрпение го очекуваме настапот во Букурешт и Амстердам. Со Австријците и Украинците ќе се соочиме на 13 и 17 јуни во романската престолнина за да потоа со „лалињата“ играме на „Јохан Кројф Арена“,

Пред овие битки голем оптимист е фудбалерот на Наполи, Елиф Елмас кој верува дека ќе оставриме три победи.

-Може да направам една прогноза. Сите три натпревари ќе ги победиме, -истакна Елмас во емисијата „Еден на еден“ која премиерно ќе се емитува денеска на Канал 5 од 18:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни