Поврзете се со нас

Англија

Екс освојувач на Златната топка: Ако го изберат Меси, ќе ја намалат вредноста на наградата

Објавено

на

Вечерва со почеток од 20:30 часот ќе се доделува Златната топка која секоја година, освен лани поради пандемијата од коронавирусот, се доделува на најдобриот фудбалер за изминатата сезона.

На церемонијата организирана од „Франс Фудбал“ ќе присуствуваат голем број фудбалери, а главни фаворити за наградата се Лионел Меси и Роберт Левандовски.

Аргентинскиот репрезентативец според многумина ќе ја освои оваа престижна награда, но според поранешниот освојувач на Златната топка, Жан Пјер Папин тоа ќе донесе негативни последици во иднина.

Папин смета дека Меси не ја заслужува наградата, а ако ја добие со тоа истата ќе ја загуби својата вредност.

– Меси не играше пет месеци. Гледам луѓето зборуваат за него, но не знам зошто. Откако ја освои Копа Америка, што друго направи Меси во Париз?

Постигна гол во првенството, три во Лигата на шампионите… Немам ништо против него, тој е еден од најдобрите во историјата, но не ја заслужува наградата. Да се избере Меси оваа година, значи да се намали вредноста на оваа награда, па истата да не се дава на успешниот играч кој освојува и трофеи, -изјави Папин.

Според Папин, кој и самиот ја има освоено оваа награда, Златната топка треба да замине во рацете на Жоржињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни