Поврзете се со нас

Европски првенства

Една од најпознати британски обложувалници ја понижи нашата репрезентација

Објавено

на

Македонија за првпат во својата историја ќе игра на едно големо фудбалско натпреварување и тоа на континенталниот европски собир каде во првата фаза ќе се соочиме со Австрија, Укрина и Холандија.

Ова ќе биде сериозен предизвик за националниот состав, но во „црвено-жолтиот“ табор владее одлична атмосфера и желба за успешни резултати во Букурешт и Амстердам.

Во Македонија пак не верува една од најпознати и најголеми британски обложувалници „Педи Пауер“ која смета дека најсигурен облог е дека ќе завршиме како последни во Ц групата.

– Најсигурен облог: Македонија ќе заврши на последното место во групата Ц, -велат од „Педи Пауер“ кои сметаат дека нашиот фокус како дебитанти ќе биде да не се посрамотиме на шампионатот.

Првата средба за Македонија на ЕП е против Австрија на 13 јуни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни