Поврзете се со нас

Италија

Џунтоли: Јувентус е единствен тим во чија полза не реагирал ВАР

Објавено

на

Фото: https://www.juventus.com

Јувентус денеска има обврски во Копа Италија, а во вообичаеното интервју пред натпреварот со Лацио директорот Кристијано Џунтоли зборувал на неколку актуелни теми.

Новинарите очекувано повторно го поставиле прашањето за иднината на Макс Алегри, но и за оценката околу резултатите постигнати сезонава во Серија А.

– Дефинитивно ни се случи пад во формата, веројатно поради разочарувањето поврзано со борбата за скудетото. Сите на теренот даваа 140 проценти од себе, но и тоа не беше доволно, меѓу другото и поради неколку судиски грешки.

– Статистиката покажува дека Јувентус е единствен клуб за кого ВАР се нема активирано за одлука во негова корист.

– Нашите амбиции на почетокот на сезоната беа јасни, сакаме да се вратиме во Лигата на шампионите и да се концентрираме на Копа Италија, – рекол Џунтоли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни