Поврзете се со нас

Свет

Џерона доби отказ, Србија ќе бара нов ракометен селектор

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/rssrbije

Неуспешниот настап на Србија на Европското првенство донесе и очекувана разделба со досегашниот селектор Тони Џерона.

Шпанскиот стручњак веќе нема да го води националниот тим на нашиот северен сосед, а тоа денеска го потврди Ракометниот сојуз на Србија.

Во официјалното соопштение од сојузот велат дека заеднички е донесена одлука дека е најдобро да биде ставен крај на соработката, а дополнително ќе биде објавено кој ќе биде наследник на Џерона.

– Не е лесно да се носиш со оваа ситуација по ЕП, не ја остваривме целта и очекувано е што сојузот бара нова енергија за следните предизвици. Му посакувам подобри резултати на следниот стручен штаб, – вели Шпанецот во дел од својата изјава дадена по донесувањето на одлуката.

Србија освои само еден бод во својата група и заврши на последното место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни