Поврзете се со нас

НБА

Џејмс со комплименти за Јокиќ: Тој е еден од најдобрите играчи, ги инспирира…

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Лос Анџелес Лејкерс избори место во плејофот, но таму ќе се соочи со актуелниот шампион Денвер Нагетс кој регуларниот дел од сезоната го заврши на седмото место на Западот.

„Езерџиите“ ќе влезат како аутсајдери во оваа битка ако се погледнат последните резултати, но тоа што е во минатото се остава на страна и ова е нова епизода во која Лејкерс ќе се обиде да пронајде решение, одговор пред се за Никола Јокиќ.

Леброн Џејмс како ас кој две децении е во НБА лигата многу добро знае дека Јокиќ е најголема опасноста за нив поради се што прави како индвидуалец, но и за неговите соиграчи.

-Тој е огромен и во одлична физичка форма. Ќе мора да се бориме… Тој е навистина добар, во сè. Во нападот може се да направи. Мора да се бориме сите 48 минути. Има мотор. Играчите кои играат знаат каков спортист е. Новинарите зборуваат дека не е атлета.

-Еден од најдобрите играчи во историјата. Сè работи. Ги инспирира соиграчите да играат на високо ниво. Имаме сличности во играта. Секако дека има разлики, но начинот на кој сакаме да играме е сличен, -истакна Џејмс кој порача дека физички сега е на повисоко ниво од минатата сезона, односно соочувањето со Денвер.

-Подготвен сум емотивно и физички. Во споредба со минатата сезона кога играв против Денвер, се чувствувам подобро, -подвлече „кралот“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни