Поврзете се со нас

АБА лига

Дубаи доби зелено светло од АБА, директор на клубот е член на семејството Ѓоковиќ

Објавено

на

Фото: Buducnost VOLI/Filip Roganovic

Собранието на АБА лигата денеска го прифатило барањето на Дубаи за вклучување во регионалната кошаркарска лига.

На седницата не присуствувал претставник на Будуќност, делегатот на Партизан бил воздржан, додека останатите гласале за влегување на нов член и тоа од Дубаи.

Договорена е тригодишна соработка која може да биде продолжена, а првичниот предлог беше дека клубот од Дубаи ќе плати по 1,7 милиони евра по сезона за шансата да се натпреварува во АБА лигата.

Следна цел на клубот од Дубаи ќе биде договор со Евролигата, односно вклучување во Еврокупот следната сезона, по што амбициите се екипата да биде вклучена и во најквалитетниот турнор, односно Евролигата.

Голема заслуга за успешните преговори со АБА лигата има Ѓорѓе Ѓоковиќ, братот на славниот тенисер, кој извршува директорска функција во Дубаи и го туркал проектот пред претставниците на клубовите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни