Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ постигна 40 поени и ја презема одговорноста за поразот: Јас сум виновен!

Објавено

на

Лука Дончиќ постигна 40 поени во дуелот со Оклахома Сити, но тоа не беше доволно за победа на Далас, кој забележа втор пораз во серија.

Словенечкиот кошаркар забележа и 10 асистенции и 6 скокови, но Оклахома Сити го доби натпреварот по продолжение со резултат 120:116.

По натпреварот, Дончиќ ја презел одговорноста за поразот.

– Не знам како да го објаснам овој пораз, но мора да играме подобро. Јас сум виновен за поразот, донесов две глупави одлуки во последните два напада, тоа не смееше да се случи. Го одиграв убедливо најлошиот натпревар на дефанзивен план, – изјавил Дончиќ.

Индијана – Орландо 118:119
Филаделфија – Вашингтон 103:106
Бостон – Шарлот 113:107
Њујорк – Мемфис 108:120
Хјустон – Кливленд 115:104
Далас – Оклахома 114:120
Сакраменто – Бруклин 112:101
Јута – Денвер 108:104
Л.А Лејкерс – Портланд 99:94

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни