Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ даде кош со звукот на сирената, судиите му го поништија на полувреме, па Чанчар уфрли луда тројка по враќањето од соблекувалната (ВИДЕО)

Објавено

на

Далас Маверикс не успеа да го одбрани домашниот терен во пресметката со Денвер Нагетс (97-98) иако гостите на овој меч настапија без двајцата свои најдобри играчи Никола Јокиќ и Џамал Мари.

Домаќините го имаа статусот на фаворити, ама тоа не го оправдаа на паркетот каде воедно имаше една луде, бизарна, необична ситуација која ако се гледа севкупно може да се каже дека го реши победникот.

Имено на крајот на вториот период Дончиќ уфрли тројка со звукот на сирената на негово големо задоволство и на сите навивачи на Маверикс. По ова се замина на пауза, а тука судиите утврдија дека Лука ја згазнал линијата и дека кошот нема да важи.

Ова значеше дека остануваат уште две секунди до крајот на овој период кои се одиграа откако играчите се вратија од соблекувалните, поточно пред стартот на третата четвртина. Тука Влатко Чанчар даде чудесен кош од својата половина и наместо Далас за води со 59:52 (ако се важеше кошот на Дончиќ) истиот сега гласеше 56-55.

-Тоа е голем моментум [промена], но не може да се каже дека тоа го реши натпреварот, -истакна Лука.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни