Поврзете се со нас

Балкан

„Договореното“ враќање на Адеми неизвесно на ден пред крајот на преодниот рок

Објавено

на

Аријан Адеми беше најавен како засилување за Динамо, со што требаше да биде официјализирано неговото враќање во клубот каде мина голем дел од кариерата, но трансферот се искомплицирал во последните 24 часа, тврдат хрватските медиуми.

Динамо и Беиџинг Гуан ги договориле деталите за заемот со обврска за откупување на договорот, но при завршниот процес на испраќање документи, кинескиот клуб почнал да ги менува барањата.

Клубот од Пекинг побарал одредени бонуси поврзани со настапите и ефектот на Адеми во дресот на хрватскиот првак, а подоцна не ни одговорал на пораките кои биле испраќани од страна на Динамо.

Проблемот за „модрите“ е што утре завршува рокот за пријавување нови фудбалери за хрватското првенство, а Адеми секако нема да може да настапува во Конференциската лига пред втората, нокаут фаза.

Адеми е дел од македонската репрезентација и се подготвува за дуелот со Италија, но засега не е јасно дали по настапите во националниот тим директно ќе се пресели во Загреб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни