Поврзете се со нас

ВТА

Добри вести за Халеп од Лозана: Спортскиот арбитражен суд ја намали суспензијата на романската тенисерка

Објавено

на

Симона Халеп доби добри вести од Арбитражниот суд во Лозана, кој денеска и ја намали првичната суспензија доделена поради користење недозволени супстанци.

Романската тенисерка првично доби шокантна казна од четири години откако падна на допинг тест, но судот во Лозана прифатил дел од аргументите на нејзината одбрана и ја преиначил одлуката на пониската инстанца.

За Халеп денешната вест е позитивна затоа што веднаш може да им се врати на тениските турнири, со оглед на тоа што веќе помина подолг период откако е констатирана употребена на недозволена супстанца во 2022 година.

Спортскиот арбитражен суд во својата одлука вели дека предвид е земен фактот што супстанцата роксадастат е ненамерно конзумирана преку суплемент, иако Халеп има дел од вината бидејќи била невнимателна при користењето на конкретниот суплемент.

Халеп во кариерата освои два грен-слем турнири и ќе може да се врати на терените на 32-годишна возраст.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни