Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Диого Коста одбрани две пенала во една минута и го откажа Бриж (Видео)

Објавено

на

Диого Коста уште еднаш покажа дека е во врвна форма и вечерва имаше клучен ефект во триумфалното гостување на Порто во Бриж.

При резултат 0:1, белгискиот тим доби пенал, а Коста најпрвин го одбрани пеналот на Ваканен, пред судиите да одлучат дека ударот треба да биде повторен поради непочитување на правилата.

Следен на сцена стапи Ланг, но Коста го одбрани и вториот удар од белата точка, претворајќи се во херој на фановите на Порто.

Во продолжение португалскиот тим ја наполни мрежата на Бриж и се зацврсти на второто место во групата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни