Поврзете се со нас

Свет

Димитриоски без грешка, Валјадолид изненаден од Уеска

Објавено

на

foto:www.atleticovalladolid.es/

Составот на Валјадолид за кого настапуваат македонските интернационалци, Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски претрпе неочекуван пораз од Уеска од 27:26 во денешната средба од 16.коло во АСОБАЛ лигата.

Ова за двете екипи беше прв официјален меч во новата година, а во истиот подобро се снајдоа гостите кои во вториот дел го свртеа резултатот и дојдоа до изненадувачко славје со оглед на позициите на табелата.

Димитриоски имаше квалитетен настап и постигна три голови од три обиди, додека пак Димитриевски имаше една реализација. Клучен за триумфот на гостите беше Мало со девет погодоци.

Во наредното коло избраниците на Писонеро му гостуваат на Пуерто Сагунто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни