Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ го имаше насекаде, Уникс славеше во дербито против Зенит (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: www.unics.ru/eng

Ненад Димитријевиќ и неговите соиграчи од Уникс Казањ им се вратија на победите во ВТБ лигата и тоа во дерби пресметката со Зенит.

Уникс влезе во овој дуел со два порази во низа, па дефинитивно имаше одреден притисок кај избраниците на Перасовиќ кои во првиот дел дадоа само 28 поени, поточно имаа негатива од седум поени (35:28).

Сепак по паузата, домашните кошаркари заиграа на повисоко ниво, беа поефикасни во нападот, одиграа поцврсто во одбраната и се изборија за пресврт и 17 славје во сезоната.

Македонскиот репрезентативец Димитријевиќ го имаше насекаде, имаше „олраунд“ меч со 11 поени, 8 скока и 7 асистенции, а имаше и 1 украдена топка. Кулагин со 13 поени беше најефикасен, додека на другата страна Хантер уфрли 14 кошеви.

Уникс останува на втората позиција со учинок 17-6.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни