Поврзете се со нас

Светски првенства

Дешамп со хит реакција откако казахстански новинар му постави прашање за Бензема: Зарем и тука…. (Видео)

Објавено

на

Франција успеа да победи на гостувањето во Казахстан со 0:2 и ја оствари првата победа во мундо квалификациите по изненадувачкото реми со Украина, но фактот што одличен натпревар имаа играчи како Марсијал и Дембеле не му донесе мир на францускиот селектор, дури и во земја која е доста далеку од родната земја.

Дидие Дешамп мораше да одговара на доста актуелни теми во Франција и на прес-конференцијата во Казахстан, каде приреди една навистина урнебесна сцена кога доби прашање кое не му се допаѓа.

Искусниот Французин не можеше да поверува дека и казахстански новинар му поставува прашање за неповикувањето на Карим Бензема во репрезентацијата, па неговиот одговор беше проследен со хит реакција.

– Зарем и тука…….

– Сигурно некој ти рекол да ме прашаш ова. Сигурно е некој француски новинар…….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни