Поврзете се со нас

Германија

Дејвис го откри виновникот за тоа што не потпишал за Барселона пред неколку години

Објавено

на

Алфонсо Дејвис е еден од најбараните светски фудбалери на својата позиција, а во последното подкаст гостување открил дека бил блиску до трансфер во Барселона.

Канадскиот репрезентативец имал напредни преговори со Барса во 2019 година, за подоцна сепак да се пресели во редовите на Баерн Минхен и да се претвори во голем трансфер погодок на бундеслигашот.

– Барселона ме контактираше и беше заинтересирана да ме доведе во своите редови.

– Сепак, преговорите пропаднаа поради интервенцијата на претседателот Жозеп Бартомеу кој не ме сакаше затоа што сум Канаѓанец.

– Искрено, тоа ми ги повреди чувствата, – изјавил Дејвис.

Баерн плати само 14 милиони евра за фудбалерот на Ванкувер, за неколку години подоцна неговата вредност на пазарот да се проценува на околу 70 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни