Македонија
Давидовски освои поени на дебито со Ауди во ТЦР Европа

Виктор Давидовски ја отвори својата петта сезона во ТЦР Европа со денешната трка во Португалија, а успеа да освои поени (5) уште на дебито со Ауди РС3 ЛМС, автомобил со кој првпат се натпреварува во престижното друштво.
Македонецот сезонава настапува како дел од тимот „Comtoyou Racing“, а на првиот предизвик на патеката Алгарве стартуваше од шеснаесеттото место.
Уште на почетокот Давидовски направи пробив за три позиции и се приближи до водечката десетка, за трката да ја заврши на тринаесеттата позиција, откако во меѓувреме не успеа да го неутрализира налетот на Мато Хомола.
Неговиот клупски колега и актуелен вицешампион Франко Џиролами, како дел од истиот тим го освои петтото место, додека својата доминација во квалификациите, во еден-два победа ја претворија Џек Јанг и Мајк Халдер, кои со Хонда Сивик Тајп Р немаа вистинска конкуренција во Португалија.
Покрај Јанг и Халдер, место на подиумот имаше уште и за Никола Балдан со Хјундаи Елантра Ен.
Втората трка во Португалија се вози утре од 15:15 часот.
-
Шпанијапред 6 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Англијапред 10 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Германијапред 8 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 10 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 9 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 7 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Италијапред 14 часа
Новиот агент на Погба оди во Торино на финални преговори со Јувентус
-
Македонијапред 3 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!