Поврзете се со нас

Шпанија

Дани Алвеш доби шут-карта од својот клуб по секс-скандалот во Шпанија

Објавено

на

Дани Алвеш се најде во средина на секс скандал непосредно откако потврди дека ја продолжува својата соработка со Пумас, но неполни три седмици по веста која ја сподели на 1-ви јануари, Бразилецот доби шут-карта од својот клуб.

Управата на мексиканскиот прволигаш реши да ја прекине соработката со искусниот дефанзивец, откако тој денеска заврши во притвор во Шпанија под сериозно обвинение дека извршил сексуален напад.

Дани Алвес ќе мора да се брани за слобода во наредниот период по одлуката на судијата во Барселона, кој оцени дека најдобро е во моментов да заврши во притвор додека се расветли целиот случај.

– Со информацијата која ја добивме денеска за правниот процес со кој се соочува играчот Дани Алвеш, а за кој е приведен во Шпанија, решивме да го соопштиме следново: Националниот универзитетски клуб Пумас донесе одлука за раскинување на договорот за вработување на Дани Алвеш започнувајќи од денеска.

– Со оваа одлука, клубот ја повторува својата заложба да не толерира дејствија на ниту еден член на нашата институција, без разлика кој и да е, што се коси со универзитетскиот дух и неговите вредности. Нашиот клуб е институција која промовира почит, интегритет, достоинство и професионално однесување на теренот, но и надвор од него. Нашите играчи треба да бидат пример во општеството во Мексико и насекаде во светот, – гласи обраќањето на претседателот на клубот.

Само за потсетување, фудбалерот е обвинет за настан кој се случил на крајот на 2022-ра година, кога млада девојка го пријавила дека ја нападнал и ја фаќал на интимни места во ноќниот клуб Сатон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни