Поврзете се со нас

Балкан

Далиќ: Македонија е одличен противник, тоа е репрезентација која ремизираше со Англија и Италија

Објавено

на

Македонија ќе биде еден од последните тестови за Хрватска пред Европското првенство, средба за која денеска официјално беше потврдена дека ќе се одигра на 3 јуни во Ријека.

Ова ќе биде добар контролен меч за нашиот национален тим против ривал кој постојано е присутен на големите настани, а пак Хрватите во нас гледаат противник кој може да им даде појасна слика до каде се со оглед на тоа што ги очекува соочувања со Италија, Шпанија и Албанија.

-Македонија е одличен противник во таа прва фаза од подготовките за ЕП. Тоа е репрезентација која есенва ремизираше дома со Италија и Англија што покажува дека ни претстои вистински тест преку кој ќе дознаеме каде сме во тој момент и што треба уште да работиме пред да заминеме во Германија. Со оглед на подготовките во Ријека, сакавме да играме во Рујевица за да избегнеме дополнително патување, па овој договор исполнува се што сакавме од тоа прво натпревар во јуни, -порача селекторот Златко Далиќ.

Македонија и Хрватска досега се имаат соочено осум пати, ние имаме забележано една победа, „коцкестите“ пет, а два меча завршиле без победник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни