Поврзете се со нас

Светски првенства

Далиќ го детектираше главниот проблем на Хрватска: Ни недостасуваше таков играч

Објавено

на

Хрватскиот селектор Златко Далиќ им го честиташе пласманот во финалето на Аргентинците, а во првата изјава по полуфиналниот пораз се обидел да ги детектира причините за неуспехот.

Далиќ не навлегувал во тоа дали имало или не пенал за Аргентина, но смета дека неговите фудбалери протестирале за претходната акција.

– Не можам ништо да им замерам на моите момци, имавме контрола првиот половина час.

– Некогаш среќата ќе те погали, некогаш ќе ти се врати на поинаков начин.

– Колку што сфатив, дечките протестираа за корнерот, а од таа акција примивме гол. На крајот, го загубивме натпреварот и мора да се подготвиме за следниот дуел кој доаѓа. Не бевме конкретни во нападот, ни недостасува класичен напаѓач, – изјавил Далиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни