Поврзете се со нас

Англија

Челси загуби, но Закарија ги воодушеви фановите на „Стемфорд Бриџ“: Де Брујне и Гундоган не знаејa каде е топката (Видео)

Објавено

на

Денис Закарија имаше проблеми во првиот дел од сезоната, но на стартот на втората полусезона почна сериозно да се наметнува во првиот тим на Грем Потер и вчера беше убедливо најдобар играч на Челси.

„Лондонските сини“ загубија од Манчестер Сити во дербито и фановите на „Стемфорд Бриџ“ не можеа да бидат премногу задоволни, но затоа фановите на Челси се убедени дека Закарија мора да биде сигурен стартер во средниот ред до крајот на сезоната.

Швајцарскиот репрезентативец игра во Челси како позајмен фудбалер од Јувентус, па по тешката адаптација, веќе почна да покажува колку вреди.

Закарија покажа завидна сила и енергија и во завршницата од мечот, па во тие моменти го изведе и најдобриот потег на натпреварот.

Играчот за врска покажа завидна техника и извонредно ги изработи Де Брујне и Гундоган, пред да ја проследи топката на спротивната страна во еден од завршните напади на Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни