Поврзете се со нас

Шпанија

Чави за играчот на кој не може да смета: Ми пречи, ние го донесовме…

Објавено

на

Барселона дојде до првата сезонска победа во шпанскиот шампионат и тоа на незгодното гостување во Баскија кај Реал Сосиедад каде славеше со резултат 4-1.

По изедначеното прво полувреме каталонците се разиграа во вториот дел и дојдоа до славје со кое најавија уште подобри партии во иднина. Тренерот Чави Ернандес и на оваа средба не можеше да смета на летното засилување Жил Кунде, па тој призна дека како кај него така и кај играчот веќе постои одредена нервоза затоа што се уште не е регистриран.

-На сите ни смета, но Матеу (Алемани) и Жорди (Кројф) вршат извонредна работа. Ми пречи затоа што потпишавме со него да игра и тој тоа го разбира. Да почекаме следната недела, да видиме дали ќе има среќа за ова, -порача тренерот на шпанскиот вицешампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни