Поврзете се со нас

Шпанија

Чави за долгото отсуство на Педри: Избегнуваме фатални последици за него

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес денеска го одржа официјалниот прес за натпреварот во Лигата на шампионите против Шахтјор, но јасно е дека новинарите веќе почнаа да му поствуваат прашање за она што следи.

Претстојниот викенд на програмата е големото „Ел Класико“ дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид, а ако натпреварот се играше утре, Чави ќе имаше огромни проблеми при составувањето на идеалниот тим.

Тренерот на Барса се соочува со отсуства на многу клучни фудбалери како Кунде, Левандовски, Де Јонг, Рафиња и Педри, со тоа што овој последниот е во аут веќе два месеци и непознато е дали ќе добие шанса и на „Ел Класико“.

Чави се надева дека до сабота ќе добие позитивна вест за некои од повредените, но мали се шансите дека ќе ризикува со Педри на кого очигледно посебно се внимава по тешката мускулна повреда.

– За утре ниту еден од повредените не е 100 проценти подготвен, а за потоа ќе видиме. Се уште сум оптимист дека некој ќе се врати да ни помогне за во сабота. Сепак, не може да се каже со сигурност, зависи од чувството кое ќе го имаат играчите.

– Педри? Играчот сам најдобро знае кога е подготвен за враќање, во неговиот случај немаше назадување во чекорите за рехабилтиација. Се обидуваме да бидеме внимателни и да избегнеме најмали шанси за обновување на повредата, бидејќи тоа би било многу тешко и фатално за него на психолошки план. Засега се уште е во рамките на периодот кој го зацртавме како потребен за рехабилитација, но на крајот се зависи од чувството на фудбалерот, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни