Поврзете се со нас

Лига Европа

Чави морал да пресече, едно засилување на Барселона извиси за Лига Европа

Објавено

на

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес морал да пресече во однос на пријавувањето на нови фудбалери за настап во Европа, односно Лига Европа.

Каталонците не успеаја да обезбедат осминафинале во Лигата на шампионите и ќе ја продолжат сезоната во помалку атрактивното европско натпреварување, но Чави морал да пријави само тројца од четворицата нови фудбалери доведени изминатиот период.

Немало место за Дани Алвеш, фудбалерот кој ќе се фокусира на натпреварите во Ла Лига, додека на списокот се нашле Феран Торес, Адама Траоре и Пјер-Емерик Обамејанг.

Траоре добил предност поради фактот што може да настапува на повеќе позиции, Торес е важен адут и разбирливо е дека ќе игра во Лига Европа, а Барса и Чави го избрале Обамејанг поради повредата на Фати и нерешената ситуација со Дембеле.

Барселона на 17 и 24 февруари ќе се сретне со Наполи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни