Поврзете се со нас

Атлетика

Британски атлетичар собори рекорд на Линфорд Кристи стар 30 години (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/BritAthletics

Легендарниот Линфорд Кристи беше сопственик на еден од најпрестижните рекорди на британската атлетска сцена цели три децении, но вчера неговиот сонародник Жарнел Хјуз успеал да го подобри најдоброто време на делницата на 100 метри.

Престижниот спринтерски рекорд беше актуелен 30 години и подразбираше време од 9,87 секунди, а вчера Хјуз да истрча 9.83 на атлетски митинг во Њујорк.

Инаку, резултатот на Хјуз е најдобар во светот во текот на оваа сезона и е второ најбрзо време во Европа на сите времиња, бидејќи само Италијанецот Марсел Џејкобс има истрчано побрзо на делницата на 100 метри (9,80 секунди).

Тренер на британскиот спринтер е Глен Милс, кој во минатото работеше со светскиот рекорд Јусеин Болт, а Хјуз стана само единаесетти Британец во историјата кој оваа делница ја истрчал за помалку од 10 секунди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни