Поврзете се со нас

Англија

Брајтон го потопи Арсенал, во Манчестер почна да се лади шампањот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialBHAFC

Арсенал долги месеци беше на врвот во Премиер лигата и се надеваше дека ќе стави крај на долгото чекање од 2004-та година, но на две кола пред крајот, тимот од Северен Лондон сега има само теоретски шанси за освојување на титулата.

Навивачите на Арсенал денеска се надеваа на услуга од Евертон и позитивен епилог против Брајтон, но наместо тоа, доживеја вистински шок во период од неколку часа.

Прво поради тоа што Манчестер Сити се „прошета“ во Ливерпул и победи со 0:3, а потоа поради инспирацијата која ја имаше Брајтон на „Емирејтс“ стадионот во Лондон.

Тимот на Де Ѕерби уште еднаш покажа зошто е најпријатно изненадување во Премиер лигата оваа сезона, откако успеа комплетно да го надигра Арсенал и да победи со неверојатни 0:3.

Енсисо погоди за 0:1 на стартот на вториот дел, додека гостите ги искористија грешките на одбраната на Арсенал во завршницата и Ундав и Еступињан се погрижија за голема победа од 0:3, со која Брајтон сега се искачи на шестото место.

Со овој пораз, Арсенал полека се збогува од трофејот, а во Манчестер почнува да се лади шампањот пред да биде заверена новата титула во Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни