Поврзете се со нас

НБА

Беверли ќе заработи суспензија поради грубото туркање на Пол

Објавено

на

Патрик Беверли му се извини на Крис Пол, но тоа може да не биде доволно за да се извлече без казна од НБА.

Пол одигра маестрален натпревар во дресот на Феникс и му помогна на својот тим да се пласира во финалето на НБА плејофот, а Беверли покажа колку играчите на Л.А Клиперс беа фрустрирани од фактот што не можат да им се спротивстават на „сонцата“ на домашен терен.

Беверли го оттурна Пол од зад грб, по што овој заврши на теренот, а судиите очекувано го испратија кошаркарот на Клиперс во соблекувалната.

Нешто подоцна, Беверли преку Твитер испрати извинување до Пол, објаснувајќи дека емоциите го направиле своето и честитајќи му го пласманот во финалето на плејофот.

Но, американските медиуми најавуваат дека Беверли ќе биде казнет, што најверојатно подразбира суспензија за почетокот на следната сезона, а во најдобар случај за него ќе добие поголема парична казна од НБА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни