Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона може да дојде до убав јубилеј на „Сантијаго Бернабеу“

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Целиот фудбалски свет оваа вечер ќе биде насочен кон Шпанија каде се игра големото дерби меѓу Реал Мадрид и Барселона.

Домаќините со евентуална победа дефинитивно ќе ги решат сите дилеми околу шампионот затоа што ќе треба да се случи чудо и во таква ситуација да прокоцка 11 бода на шест кола до крајот.

Гостите пак со триумф ќе сакаат да дојдат на минус пет и да ја направат поинтересна трката за пехарот иако и понатаму ништо нема да биде во нивни раце затоа што ќе мораа да чекаат најмалку два кикса на големиот ривал, а притоа тие едноставно да бидат безгрешни до самиот крај.

Останува да видиме што ќе се случи, но ако вечерва слави Барселона тогаш истата ќе дојде до еден убав јубелеј, убава бројка во Ел Класико пресметките-100 бода.

Барса досега има 99 во 255 дуели со „кралевите“, односно противникот има 104 триумфи, додека 52 меча завршиле без победник. Гол разликата е пак плус 15 за составот од Мадрид (414/429).

Каталонците имаат седум победи на десетте последни средби во Мадрид што доволно говори дека гостите можат да се надеваат на успех на вечераниот дуел иако ако се погледнат обложувалниците тие се во доста подредена улога.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни