Поврзете се со нас

НБА

Баркли го посочи најдобриот играч на денешницата: Офанзивно е подобар од Џордан и Коби!

Објавено

на

Чарлс Баркли е редовен домаќин во студиото на „НБА ТНТ“ и заедно со Шекил О’Нил ги коментираа сите случувања кои се актуелни во НБА лигата, но во ситуација кога за време на анализата на натпреварите не може да прави премногу индивидуални споредби, сега го искористи последното интервју за „ЕСПН“ за да извлече еден заклучок кој брзо се најде во центарот на вниманието.

Легендарниот Баркли дури 11 пати беше дел од НБА Ол старот и своевремено важеше за еден од најдобрите играчи во лигата, а како човек со сериозен статус во најсилната кошаркарска лига во светот, си даде за право да го прогласи најдобриот играч на денешницата кој е дел од американската кошаркарска елита.

Баркли смета дека Џејмс Харден игра на неверојатно ниво по преминот кој го направи од Хјустон во Брукли, па дури порача дека офанзивно можеби е и подобар од Мајкл Џордан и Коби Брајант.

– Со должна почит кон Леброн Џејмс, Јанис Адетокумбо или било кој друг во овој момент, Харден е најдобар кошаркар во светот, крај на приказната.

– Никогаш не сум видел поимпресивен напаѓачки играч. Мајкл Џордан и Коби Брајант беа подобри во одбрана, но не беа добри во напад, особено за три поени како Харден. Не беа толку добри дриблери како Харден, не беа толку добри во изнудувањето слободни фрлања. Заслужува секаква победа, тој е напаѓачка машина, – потенцира Баркли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни