Мото ГП
Бањаја триумфално во Херес, Квартараро се осамостои на врвот во генералниот пласман

Трката за Големата награда на Шпанија се возеше ова попладне на легндарната патека Херес, на која видовме возбудувања на почетокот и на самиот крај.
Пеко Бањаја ја продолжи својата доминација од вчерашните квалификации и без проблеми ја одржа својата предност пред Фабио Квартараро, кој денеска едноставно не доби шанса за напад против Италијанецот.
Актуелниот првак постојано беше во една секунда, но ниту еднаш не доби реална прилика за напад и така видовме прво славје на фабрички мотоцикл на Дукати оваа натпреварувачка сезона во Мото ГП.
Како и да е, Квартараро ќе остане задоволен од второто место бидејќи со новите бодови се осамостои на врвот во генералниот пласман, каде втор сега е Алеиш Еспаргаро кој ја искористи драмата на пет круга пред крајот.
Возачот на Априлија го искористи дуелот на Маркез и Милер за да ги мине и да избие од петтото на третото место, па така си обезбеди место на подиумот во Шпанија.
Маркез на крајот заврши четврти откако конечно го мина Милер во последниот круг, но ова е добра најава и од него после тешкиот период со новиот мотоцикл на Хонда.
-
Македонијапред 17 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Македонијапред 15 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Германијапред 22 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 20 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 23 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Македонијапред 17 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!
-
Италијапред 6 часа
Објаснување за нереалниот погодок: Тео обелодени што помислил кога ја прими топката на 80 метри од голот (Видео)
-
НБАпред 6 часа
Доктор Дончиќ и Далас го прегазија Феникс во мајсторката, Бостон му пресуди на шампионот (ВИДЕО)