Поврзете се со нас

Германија

Баерн еден месец нема да смета на важен фудбалер

Објавено

на

Баерн Минхен најмалку еден месец нема да смета на еден важен фудбалер, поточно на дефанзивецот Никлас Зиле.

26-годишниот фудбалер почувствувал болка на мускул на ногата за време на тренинг и веднаш направил детални прегледи, па Баерн потврди дека мора да оди на принудна пауза.

Лекарскиот тим предвидува 3-4 недели пауза за Зиле, период во кој Баварците немаат премногу тешки противници и во кој има пауза за настап на репрезентациите.

Останува да се види дали Зиле ќе се врати навреме за бундеслигашкото дерби со Борусија Дортмунд, закажано за 23. април.

Зиле веќе објави дека по крајот на сезоната ќе се пресели токму во редовите на ривалот од Дортмунд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни